Актуелно 28.01.2019 08:21

Датумот за Брегзит може да се помести за неколку недели

Датумот за Брегзит може да се помести за неколку недели

Датумот на кој Велика Британија ќе ја напушти Европската унија (ЕУ) може да се помести за неколку недели за да се овозможи време за неопходните законски измени. Ова го кажа лидерот на долниот дом на британскиот парламент, пренесе „Ројтерс“.

Велика Британија треба да го напушти блокот на 29-ти март, но откако европратениците го отфрлија предлогот на премиерот Тереза ​​Мај, останува нејасно како земјата ќе ја напушти ЕУ, оставајќи ја отворена можноста за излез без договор.

Парламентот ќе гласа за серија амандмани на законот во вторник, додека полека часовникот го пресметува времето до излезниот датум.

„Ние можеме да ги усвоиме законите и мислам дека, сепак, имаме многу силни врски со нашите пријатели од ЕУ и нашите соседи, и јас сум апсолутно сигурен дека ако ни требаат неколку дополнителни недели или слично, ќе биде можно“, коментира Андреа Лидсем за „БиБиСи“.

Запрашан дали ова би значело продолжување на двогодишниот преговарачки период според член 50, Лидсем коментира: „Тоа не мора да значи ова. Мислам дека би сакале внимателно да размислиме за ова. Но, како што стојат работите, мислам дека можеме да ја добиеме поддршката од двата дома со добра волја и одлучност дека сé уште можеме да се справиме со законодавството навреме“.