Мозаик 31.01.2019 14:36

Децата и лажните профили на интернет

Децата и лажните профили на интернет

Секој родител треба да биде свесен за опасноста, а ова видео јасно покажува што значи мавтање.

Постојат многу приказни и искуства поврзани со виртуелниот свет, но, на малолетните лица треба да им се обрне посебно внимание и на нивното користење на интернетот.

Затоа, телекомуникацискиот операторот Movistar Mexico, објави кампања наречена “Љубовна приказна”, со која ја промовира безбедноста на онлајн средбата меѓу младите луѓе.

Кампањата беше снимена во Мадрид и следи двајца тинејџери кои се поврзуваат на интернет, и договараат прв состанок. Но, кога ќе се најдат, работите не се такви какви што изгледале онлајн.

На ризикот од лажни профили кои ги демнат малолетните лица, децата треба да ги предупредат и родителите и институциите, и да ги учат дека не смеат да контактираат со луѓе кои не ги познаваат, колку и да им се претставуваат.

Како може да заврши една љубовна приказна која се родила на интернет, погледнете во видеото и предупредете ги децата за опасностите на време.