Мозаик 22.01.2021 21:43

ФОТО: Ова се најбараните сандали, месечно на Интернет се пребарувани 60.500 пати

ФОТО: Ова се најбараните сандали, месечно на Интернет се пребарувани 60.500 пати

Модната креаторка Амина Муади преку ноќ стана позната. Благодарение на чевлите со кои ги освои апсолутно сите жени и познати дали од црвениот тепих, Амина донесе целосно нов тренд.

Таа успеа да ја реализира соработката и со брендот на Ријана.

Модната платформа Lyst ги анализираше пребарувањата по разни он-лајн шопинг страници и откри ги откри најпосакуваните модни парчиња. Меѓу најбараните се сандалите Gilda со потпис на креаторката Муади.

Во просек, меѓу октомври и декември, тие се пребарувани 60.500 пати месечно. Иако на оваа листа се наоѓаат првпат, веднаш успеале да ја загрозар водеќката позиција на планетарно популарниот Гучи.

Благодарение на необичните потпетици, сандалите ги освоија срцата на бројните трендсетерки како Џиџи Хадид, Дуа Лупа, Кејти Холмс и Ријана.

Нивната редовна цена е 815 евра.