Ќерката на Бекам наполнила седум години. Гордиот татко Дејвид Бекам не можел да одолее да не и’ честита роденден на ќерка му преку социјалните мрежи.
„Што да кажам за мојата принцеза освен дека е совршена во секој поглед. Харпер Севен наполни седум години. Нека и’ е среќен роденденот на мојата голема девојка. Ова девојче неизмерно го сакаат нејзините браќа, мама и татко. Ова посебно, посебно девојче секојдневно ми мами насмевка на лицето“, напишал Бекам на црно-белата фотографија од него и неговата ќерка.