Градот Скопје информира дека поради одржување на активностите од Европската недела на мобилноста 2018, денеска од 10 до 14 часот за сообраќај ќе бидат затворени делови од улиците Димитрие Чуповски и 11 Октомври, на потег од крстосницата со улицата Даме Груев и булеварот ВМРО до улицата Филип Втори Македонски, а моторниот сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.
„Возилата на јавниот градски превоз што ги опслужуваат линиите што застануваат на автобуските стојалишта ‘Центар Рекорд’, а се движат од запад кон исток ќе бидат пренасочени преку улицата Даме Груев. Возилата на јавниот градски превоз кои се движат од исток кон запад ќе бидат пренасочени преку улицата Свети Кирил и Методиј“, соопшти Град Скопје.
Од таму ги замолуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим на сообраќај и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.