Зошто професор Гордана Силјановска – Давкова, во овие турбулентни времиња, е најдобар избор за Македонија каква што ја знаеме?
-За судирот на два сосема различни коцепти, натпартискиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ VS. „консензуалниот“ кандидат на СДСМ и ДУИ кој на очиглед на јавноста се избира по принципот на договор на партиски водачи.
-За негативностите на бојкотот наспрема силната порака на јасна победа на претседателските избори.
-Како стравот од пораз на повидок ја натера СДСМ во нова „консензуална“ авантура со бескруполозни национални концесии и бескомпромисен пазар со коалиционерите?
-Ќе означи ли опозициската победа на претседателските избори старт на најавената ревизија на Преспанскиот договор?
На овие и други теми во „Отворено“ со Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, најотворено ќе разговара Љупчо Цветановски.
Гледајте денеска 20.02.2019, во 18:18 часот на ТВ Алфа, веднаш по централниот Дневник.