Актуелно 24.04.2018 11:35

Денот на трудот 1-ви мај неработен за сите граѓани на Република Македонија

Денот на трудот 1-ви мај неработен за сите граѓани на Република Македонија

Следниот вторник 1-ви мај 2018 година, кога се одбележува Денот на трудот, ќе биде неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика

Оттаму на сите граѓани им го честитаат овој празник.

Први мај е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Станува збор за меѓународен празник, кој секоја година се одбележува ширум светот во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. На тој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви.

Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени.

Најнови вести