Живот 25.01.2019 18:50

Дежурните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Ѓорче Петров“, за викенд ќе работат 24 часа

Дежурните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Ѓорче Петров“, за викенд ќе работат 24 часа

Министерството за здравство ја известува јавноста дека поради зголемениот број на пациенти заболени од морбили, преземаме дополнителни мерки да се спречи ширењето на болеста.

На три пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот. Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Од Министерството за здравство апел до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови.