Актуелно,Живот 24.04.2018 11:37

Диета со краставици и домати

Диета со краставици и домати

Прехрамбениот режим вклучува лесно усвоива храна, а во исто време храна која заситува и ги поседува потребните нутриенти.

Ден 1

Појадок: 2 парчиња двопек, 1 јаболко

Ужинка: таратур

16 часот: 1 банана

19 часот: салата од домати и краставици

Ден 2

Појадок: Мусли со едно канче кисело млеко со намалена масленост

Ужинка: Варени компири со малку сирење

16 часот: 1 банана

19 часот: салата од домати и краставици

369006-blackangel

Ден 3

Појадок: 1 јаболко и 1 банана

Ужинка: Пилешка супа

16 часот: малку бадеми (не повеќе од 10)

19 часот: салата од домати и краставици

Ден 4

Појадок: малку бадеми, 1 јаболко

Ужинка: таратур

16 часот: 300 гр овошје по избор

19 часот: салата од домати и краставици

Ден 5

Појадок: 350 гр овошна салата од најмалку три вида овошје

Ужинка: Варени компири со сирење

16 часот: 1 јаболко

19 часот: салата од домати и краставици

tomato-cucumber-salad

Салатата од домати и краставици можете да ја подготвите и со свеж магдонос и зачини, односно само масло и сол. Ако можете исклучете ги маслото и солта.

Тараторот подгответе го со кисело млеко или павлака со минимална масленост.

Ако огладнете во време кога не е посочено да се консумира храна, пијте минерална вода или зелен чај.

Диетата од пет дена се повторува во текот на еден месец, без викендите. Во текот на викендите јадете храна по ваш избор, пред оброците испијте по 1 чаша вода со цел да не внесете големи количини калорична храна, можете да се почастите и со некоја храна која ви недостасува или ви е омилена, но не претерувајте и изберете некоја поздрава варијанта.

Најнови вести