Брза диета “3 дена” е една од најпопуларните диети денес, бидејќи трае кратко време и дава инстант резултати.
Немојте да се чудите што низ целиот текст ќе се провлекува фамозното “3 дена” – а причината е што оваа диета не е на списокот на препорачаните и затоа, ако веќе сакате да ја држите – држете ја 3 дена! Многумина ја “усвојуваат” како своја редовна диета и циклично ја повторуваат кога и да е потребно, т.е. кога треба брзо да изгубат неколку килограми. Лошата страна на диетата е дека можете да ги зачувате резултатите само ако го промените начинот на исхрана, т.е. намалите / исфрлитете од исхраната сè што придонело за зголемување на телесната тежина (претежно слатки, обилни и масни оброци и секако многу тесто) и, секако, ќе мора да вежбате повеќе. Сè друго води до познатиот јо-јо ефект.
Едноставно кажано, брза диета “3 дена” е нискокалорична диета и ништо нема чудесно во неа (некои специјални хемиски реакции кои согоруваат килограми и сл.) Губењето на тежината е резултат на значително намалување на калориите, а она што се губи е помал дел маснотии, а поголем дел задржување на вода. И тоа е тоа. Поради намалениот внес на калории, се препорачува да се практикува оваа диета само 3 дена и за тоа време очекуваното губење на тежината е помеѓу 2 и 3 кг.
Брза диета “3 дена” – план на оброци по денови
Воведна белешка: Во планот честопати се споменува единицата за мерка шолји и затоа треба да се разјасни колку е тоа. Значи, шолјата за која станува збор е стандардна шолја која се користи за чај, а зазема нешто повеќе од 2,3 дл.
Ден 1
Доручек:
црно кафе или чај (малку засладено)
1/2 грејпфрут
1 парче тост лепче
1 супена лажица путер од кикирики
Ручек:
1/2 шолја туна
1 парче тост лепче
кафе или чај (малку засладено) или вода
Вечера:
100 гр варено посно месо (било кое)
1 шолја варена боранија
1 шолја моркови
1 шолја сладолед од ванила
1 јаболко средна големина
кафе или чај (малку засладено) или вода
Ден 2
Доручек:
црно кафе или чај (малку засладено)
1 варено јајце
1 парче тост лепче
1 банана
Ручек:
1 шолја безмасно сирење
1 парче тост лепче
кафе или чај (малку засладено) или вода
Вечера:
2 виршли
1/2 шолја моркови
1 шолја барена брокула
1/2 шолја сладолед од ванила
кафе или чај (малку засладено) или вода
Ден 3
Доручек:
црно кафе или чај (малку засладено)
парче (околу 50 грама) младо сирење
1 парче тост лепче
1 јаболко
Ручек:
1 тврдо варено јајце
1 парче тост лепче
кафе или чај (малку засладено) или вода
Вечера:
1 шолја туна
1 шолја моркови
1 шолја карфиол
1 шолја сезонско овошје
1/2 шолја сладолед од ванила
кафе или чај (малку засладено) или вода
Замена
Брза диета “3 дена” можни замени:
– Портокал наместо грејпфрут
– Туна наместо сирење и обратно
– Разладен јогурт наместо сладолед
– Боранија наместо брокула
– Карфиол наместо брокула
– Цвекло наместо моркови
Заклучок
Како што е веќе кажано, горенаведената диета не спаѓа во редот на здрави диета, но од друга страна носи брзи резултати. Ќе ви помогне брзо да “стесните” и да влезете во гардероба која била тесна до вчера. Но, препораката е да ја применуваат само здрави луѓе и да трае онолку дена колку што кажува името: Брза диета 3 дена!