Актуелно 20.02.2019 14:45

ДИК ќе спроведува избори за Претседател на Република Македонија а не на Република Северна Македонија

ДИК ќе спроведува избори за Претседател на Република Македонија а не на Република Северна Македонија

ДИК ќе спроведува избори за Претседател на Република Македонија според документот со кој Талат Џафери ги распиша изборите, изјави денеска Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Дерковски рече дека ќе се земе предвид и новонастанатата ситуација со промената на Уставот, но потенцираше дека тој е легалист и дека ги почитува одлуките на Собранието кое распиша избори за Прерседател на Република Македонија.

На гласачкото ливче Дерковски рече дека нема да пишува ништо освен имињата на кандидатите, како што било и на последните избори за претседател во 2014.