Финансии 27.06.2024 09:58

Димитриеска-Кочоска: Промовиранa новата инвестиција во енергетиката, обезбедуваме независност и безбедност во снабдувањето

Димитриеска-Кочоска: Промовиранa новата инвестиција во енергетиката, обезбедуваме независност и безбедност во снабдувањето

инистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска присуствуваше на промоцијата на проектот за изградба на ветерен парк со капацитет од 400 МW, инвестиција на Алказар Енерџи во износ од 450 милиони евра.

„Инвестицијата на Алказар Енерџи од околу 450 милиони евра за изградба на ветерен парк е најголема во регионот и со неа ќе се обезбеди 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава, а ќе отвори 630 нови работни места. Новата Влада останува фокусирана на ветувањата од предизборието. Граѓаните заслужуваат брзи резултати“, напиша министерката на својот профил на Фејсбук.

Ова е прв проект што го промовира новата Влада во својот мандат. Проектот ќе ја зголеми енергетската независност на земјата и ќе овозможи побрза транзиција кон зелена енергија. Ќе бидат инсталирани 55 ветерници што ќе произведуваат еден тераватчас електрична енергија или еден милион мегаватчасови.

На промоцијата на проектот се обратија премиерот Христијан Мицкоски, новата министерка за енергетика Сања Божиновска и извршниот директор на компанијата Даниел Калдерон.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.