Финансии 05.07.2024 08:38

Димитриеска Кочоска во „Вин-Вин“: Зголемувањето на пензиите не е големо оптоварување на буџетот, каматите прават огромен притисок

Димитриеска Кочоска во „Вин-Вин“: Зголемувањето на пензиите не е големо оптоварување на буџетот, каматите прават огромен притисок

Два милиона и 350.000 евра е дополнителното отповарување на буџетот за последната одлука на владата за линеарно покачување на пензиите или за три месеци ќе дојде некаде седум милиони и 50.000 евра, ако добро пресметав, рече министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Значи, не големо оптоварување. Проблемот каде е? – Ние веќе во делот на расходната страна имаме многу големи притисоци од многу аспекти. Ако ги гледаме каматите, исто огромен е притисокот. Тие растат, бидејќи многу од каматните стапки се врзани со ЕУРИБОР. Тој е позитивен, а во минатите години беше, речиси, нула, па и негативен. Сега расте и прави притисок на каматните стапки. Каматните отплати ни се многу високи. Ние само во однос на минатата година околу пет милијарди денари имаме повеќе отплатено за овие први шест месеци по основ на камати“, истакна Димитриеска Кочоска.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.