Актуелно 24.09.2018 12:49

Димитров: Без разлика на цензусот, договорот со Грција секако ќе оди во Собрание

Димитров: Без разлика на цензусот, договорот со Грција секако ќе оди во Собрание

Министерот за надворешни работи Никола Димитров откри дека на рефередумот на 30 септември цензусот нема да биде земен во предвид и дека Договорот со Грција секако ќе оди на имплeментација во Собрание.

На денешната прес конференција тој со картони на кои беа испишани членови на Договорот од Преспа нагласуваше дека договорот секако ќе оди во Собрание.

При тоа, она што е најважно дека цензусот дефинитивно нема да се почитува и дека во предвид ќе се земе бројот на оние што ќе излезат на гласање и ќе гласаат „за“ договорот. Сепак тој не сакаше да каже која е таа бројка на гласачи што треба да излезат и дека во предвид ќе се земаат гласачите кои гласаат на парламентарни избори.