Актуелно 23.01.2019 01:07

Димитров повеќе искрен отколку скромен, сака да биде претседател

Димитров повеќе искрен отколку скромен, сака да биде претседател

Ние сме во важен процес на консулатции во овој период пред претседателските избори. Сега се проверува мислењето меѓу коалициските партнери, мислењето на граѓаните и тоа е многу важен процес, речe министерот за надворешни работи, Никола Димитров во гостувањето во емисијата „Отворено“ на телевизија 24, а одговарајќи на прашањето дали ќе се кандиатира за претседател на државата.

-Јас сум повеќе искрен, отколку скромен и во таа смисла и одговарам. Тоа што се спомнува моето име, како кандидат за претседателските избори, е веќе чест, посочува Димитров.

Одговарајќи на прашањето пак сака ли да биде претседател, Димитов вели дека за него „таа дебата е прилично интимна“ и додава „и ја водам и сам со себе гледам и плусови и минуси, но мислам е прерано за тоа, ние сме во фаза да слушнеме што мислат граѓаните“.

Говорејќи за тоа дали ги задоволува критериумите за консензулаен претседател, Димитров посочува дека ресорот во Владата кој го води тој, надворешни работи, ретко бил кај човек кој не е од тесен круг на политичките партии.

На прашањето дали сето ова значи дека не ја исклучува можноста да се кандидира на претстојните претседателски избори тој одговори „да, но не сум баш во фаза кога можам подиректно да одговорам“.