Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, во својата реплика до Зоран Заев за време на уставната комисија во собранието истакна дека Договорот од Преспа го брише единствениот член во Уставот каде што зборот Македонија не го вклучува зборот Република. Се брише грижата за иселениците од Македонија забележа пратеникот. Грижата за малцинствата не значи територијални аспирации потенцира Димовски, тоа значи одговорност, тоа значи одговорност спрема мачната судбина која што ја имале тие луѓе, додаде тој. Димовски го постави и прашањето зошто во еден ваков стратешки договор не се побарало од Грција, македонското малцинство во Грција да го има правото да учи на својот мајчин македонски јазик од прво одделение.
-Членот 49 е единствениот член од Уставот, во кој што зборот Македонија не оди со терминот Република Македонија, туку вели Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји, вие тоа ќе го избришете и за иселениците од Македонија. Не вика Република Македонија. И тоа ќе го избришете. Зошто? Поради тоа што нашата заедница во Торонто или во Мелбурни или во Перт е повеќе сочинета од луѓе кои што никогаш немале допир со Републиката како што тие самите викаат. И затоа ве молам не е коректно да ги прерипнуваме овие аргументации. Тоа не значи ниту територијални апирации, тоа не значи ниту големи сонови кои што не постојат во оваа држава, но тоа значи одговорност спрема мачната судбина која што ја имале тие луѓе. Прва работа. Втора работа, да имаме право како држава во вакви стратешки договори да побараме прво одделение еден предмет на македонски јазик. Но тоа не е побарано, вели Димовски.