Економија 29.09.2026 11:49

Дизел математика: За германски камион на долги релации – ПЛУС 236 ЕВРА НЕДЕЛНО

Дизел математика: За германски камион на долги релации – ПЛУС 236 ЕВРА НЕДЕЛНО

За европскиот возач големата геополитика има многу поедноставен превод. Уште околу 30 евра за полнење резервоар од 50 литри, според анализата на „Транспорт енд инваермент“ заклучно со 14 септември. За германски камион на долги релации, дополнителниот трошок достигнувал просечно 236 евра неделно. Тука приказната се менува. За сопственик на автомобил 30 евра се непријатност. За компанија со десетици камиони тоа е „јака ставка“ во трошоците. За логистички сектор со илјадници возила станува уште посериозна ставка во цената на услугата. А кога поскапува транспортот, цената не останува во резервоарот. Таа патува. Од камионот оди до магацинот, од магацинот до продавницата, од продавницата до сметката… И така, геополитичкиот конфликт на илјадници километри од европскиот супермаркет почнува да се појавува на домашната сметка. Лично, германецот на своја сметка најмногу ја чувствува.