Економија 27.11.2024 12:49

До крајот на следната недела треба да биде објавена новогодишната потрошувачка кошничка, ќе бидат опфатени околу 600 производи

До крајот на следната недела треба да биде објавена новогодишната потрошувачка кошничка, ќе бидат опфатени околу 600 производи

Министерот за економија Бесир Дурмиши денеска најави дека на крај на следната недела ќе биде објавена новогодишната кошничка со која ќе бидат опфатени околу 600 производи.

Во изјава за медиумите дадена денеска, министерот посочи дека и новогодишната кошничка, исто како есенската, ќе трае еден месец.

-Цело време сме во контакт со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите. Идната недела ќе бидете известени. При крај е со подготовката за новогодишната кошничка, предвидени се над 600 производи кои ќе ги опфати оваа мерка, но повеќе детали ќе ви дадеме идната недела оти предвидено е некаде во четврток или петок да ја објавиме кошничката, рече Дурмиши, не откривајќи повеќе детали.

Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка која траеше до 31 октомври. Со неа беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи. (МИА)