Германската финансиска агенција „Бафин“ ѝ нареди на „Дојче банк“ да спроведе мерки за да спречи перење пари и терористичко финансирање.
Од „Бафин“ велат дека назначиле специјален претставник кој ќе прави извештаи и проценки за развојот на овие мерки.
Од „Дојче банк“велат дека се согласуваат со „Бафин“ околу тоа дека треба да ги подобрат процесите за подобра идентификација на клиенти.