Банкарство 25.09.2018 09:19

„Дојче банк“ мора да воведе превентивни мерки против перење пари

„Дојче банк“ мора да воведе превентивни мерки против перење пари

Германската финансиска агенција „Бафин“ ѝ нареди на „Дојче банк“ да спроведе мерки за да спречи перење пари и терористичко финансирање.

Од „Бафин“ велат дека назначиле специјален претставник кој ќе прави извештаи и проценки за развојот на овие мерки.

Од „Дојче банк“велат дека се согласуваат со „Бафин“ околу тоа дека треба да ги подобрат процесите за подобра идентификација на клиенти.