Економија 05.02.2025 08:22

Доларот oслабе, остар пад на цените на нафтата

Доларот oслабе, остар пад на цените на нафтата

На валутните пазари во раното претпладневно тргување во вторникот падна вредноста на америакнскиот долар во однос на кошницата валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,90 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 109,65 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,55 на 155,25 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0290 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0240 долари.

Цените на нафтата, пак, остро паднаа откако Вашингтон го одложи воведувањето царини за Мексико и Канада. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 1,08 отсто, на 75,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1,70 отсто, на 71,90 долари.

Поврзани теми