Прес-конференција на Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид
Почитувани,
Епидемија на недоставени Анкетни листови за имотна состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата. Со СДСМ на власт нема почитување на законите, нема владеење на правото. Каков градоначалник такви функционери. Што кријат и зошто не го пријавуваат имотот?
Ако за в.д. градоначалникот Константин Георгиески законите не важат и не доставил Анкетен лист за имотната состојба истото како лош пример е и за голем дел од функционерите на СДСМ и коалиционите партнери на локално и централно ниво. Функционерите и по една година и пол немаат поднесено Анкетен лист за својата имотна состојба.
Законската обврска за доставување на потребната документација не ја исполниле Љупчо Грданоски, Гордана Јованоска и Ванчо Костоски како директори на Јавни претпријатија.
Скоро сите директори во образованието: Оливија Пирузева-Јанева, Офелија Петреска, Мирјана Крлеска, Елена Ел Нади, Марија Мариноска, Весна Цветкоска, Сашо Недески, Марјан Радески и Мери Рилкова.
Васко Паскали како директор на ЈУ Национален парк „Галичица“, Елизабета Новакоска од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј.
Анкетни листови не доставиле и директорите Сашо Точко од Центар за јавно здравје и Ацо Велески од JЗУ „Св. Еразмо”.
Ова е доказ дека со СДСМ и Георгиески нема вистинска, неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата. СДСМ е синоним за криминал, непотизам и неефикасна борба против корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Антикорупциската комисија да ги испита овие наоди и да поведе соодветни постапки според законите.
Охрид заслужува да го водат чесни луѓе, а тоа охриѓани ќе го направат за многу кратко време.