Економија 30.04.2019 22:35

Драматично расте јавниот долг- Се искачи на 5 милијарди и 252 милиони евра

Драматично расте јавниот долг- Се искачи на 5 милијарди и 252 милиони евра

За три месеци јавниот долг се зголемил за дополнителни 40 милиони евра и сега изнесува 5 милијарди и 252 милиони евра. Но, задолжувањето расте побавно од растот на БДП, па процентуално јавниот долг е помал за 2.3 процентни поени и заклучно со март изнесува 46,2% од бруто домашниот производ.

Според фискалната стратегија јавниот долг до 2020 година треба да се зголеми на 6,5 милијарди евра, односно да надмине 53 проценти од БДП-то.