Финансии 12.04.2018 16:15

Дрекслмајер отвори инфо центар во Велес

Дрекслмајер отвори инфо центар во Велес

Велес е третиот град во кој по Прилеп и Кавадарци доби инфо канцеларија на Дрекслмајер. Канцеларијата беше отворена денеска, а таа претставува трет инфо центар во низата преку кој компанијата ќе биде подостапна и поприсутна за своите вработени, но и за потенцијалните кандидати.

Како што информираа од компанијата, тим од колеги ќе стои на располагање за сите прашања и ќе ги водизаинтересираните низ процесот на аплицирање. Може да се конкурира за многубројни атрактивни работни позиции во областа на производство, логистика, администрација.

– Драго ми е што денеска ја отвораме инфо канцеларијата во Велес, која иако последна – секако не е ипомалку важна. Идејата е да бидеме подостапни за многуте наши вработени од Велес, но и за сите заинтересирани кандидати кои сакаат да ни се придружат“, истакна Лукас Мирингер генерален директор на Дракслмајер Македонија.

Тој се заблагодари и на Општина Велес и Центарот за вработување за досегашната успешна соработка.Канцеларијата во Велес се наоѓа наспроти главната пошта и ќе работи секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот. Од компанијата истакнуваат дека вратите на инфо центарот се отворени за секој кој сака да дознае повеќе за компанијата.

Со над пет илјади вработени Дрекслмајер е еден од поголемите работодавачи во регионот, а вработените се најголема вредност за компанијата. Неколку илјади граѓани од Кавадарци, Велес, Прилеп и нивните околни места се дел од тимот на Дрекслмајер Македонија

Од компанијата потенцираат со цел да бидат поблиску до нив, но и до оние кои се заинтересирани дастанат дел од семејството Дрекслмајер, компанијата отвори свои канцеларии во овие поголеми градови.