Актуелно 15.01.2019 12:08

ДУИ ги користи кредитите со кои го донесе Заев на власт: Социјалните мрежи полни со благодарност за двојазичноста (ФОТО)

ДУИ ги користи кредитите со кои го донесе Заев на власт: Социјалните мрежи полни со благодарност за двојазичноста (ФОТО)

Речиси целото раководство на ДУИ вчера преку социјалните мрежи го прослави објавувањето на Законот за јазиците, т.е двојазичноста официјално и во Службен весник на Република Македонија.

Тоа значи дека Македонија доби втор службен јазик, а тоа е албанскиот, а оваа „победа“ на ДУИ ја прославија речиси целото раководство.

Честитки за Законот за јазици упатија Али Ахмети, вецепремиерот Османи, пратеникот Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши, како и вицепремиерот Хазби Лика.

– Ветивме, остваруваме, напиша Ахмети.

– Интаграција во НАТО и ЕУ, ветено сторено, јазичната рамноправност, ветено сторено, системски реформи, ветено сторено, напиша Груби.

Бујар Османи пак, напиша „Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети“.

– Употребата на албанскиот јазик од нашите домови отсега и во институциите и пошироко. Честитки сонародници законот за јазиците влегува во сила, напиша Хазби Лика.

Најнови вести