Две титули Автомобил на годината и 10 победи во различни категории доби комплетно новиот и технолошки компетентен Ford Focus, откако во Европа почна со продажба минатото лето. Витрините на новиот Ford Focus многу бргу се полни со трофеи, стои во соопштението. Во првите шест месеци до ноември минатата година, Ford продаде 42.100 Focus возила, од кои спортската ST-Line варијанта опфаќа од 40% од вкупната продажба.Еден од шест клиенти ја бираат Chrome Blue или Desert Island Blue боја на Focus, во дополнување со традиционалната и популарна Magnetic сива или Frozen White боја. Новиот осум брзински менувач, исто така, е популарен кај клиентите, што секако беше очекувано.
Новиот Focus, произведен со врвна технологија во фабриката за склопување во Саарлуи, Германија, се нуди во хечбек варијанта со пет врати и лимузински стил. Како дополнување на ST -Line се нудат и FocusTrend, Focus Titanium и Focus Vignale. Исто така, со нарачка, е достапен и првиот спортски инспириран Focus Active кросовер. “Медиумите, автомобилските експерти и најважно од сé, клиентите се полни со пофалби за новиот Focus, што се отсликува во многубројните награди кои ги добива автомобилот. Да бидеш најдобра во таков
компетитивен сегмент навистина е високо ниво на пофалба“, вели Глен Голд, програмски инженер, Ford Europe. Новото возење кое инспирира доверба и искуство на патниците се разви откако се зголеми соработката со купувачите, што беше признаено во многу публикации и организации ширум Европа, вклучувајќи ја наградата Автомобил на годината 2019 во Хрватска и во Финска.
Предностите за бизнис возачите вклучуваат оптимизирана ефективност на горивото од софистицираните Ecoboost бензин и Ecoblue дизел моторите, можност за безжично полнење на компатибилни телефони, што се рефлектира во победата за Претприемачки автомобил на годината во Шпанија, награда во категоријата Придобивки кај Чешките награди за Флотски возила 2018 и титулата најдобра ниско-средна класа во Наградите за деловна кола во Обединетото Кралство. Наградите во други категории вклучуваат Победник во компактната класа, во Ауто Цајтунг Ауто Трофеј 2018 во Германија и Најдобар фамилијарен автомобил за 2018 во Шкотска. Focus е еден од седумте автомобили на кратката листа за наградата Европски автомобил на годината, која ќе биде најавена во март оваа година.
Испорачувајќи повеќе внатрешен простор, комбиниран со материјали од висок квалитет и занаетска изработка, новиот Focus нуди софистициран ранг на Ford технологии за помош на возачот, како што се адаптивна контрола на движење со Stop-Go и првиот дисплеј пред глава кој ќе биде понуден од Ford во Европа.