Актуелно 16.05.2018 13:08

Џорџ Сорос со нови инвестициски потези, купил голем удел во Tesla Inc

Џорџ Сорос со нови инвестициски потези, купил голем удел во Tesla Inc

Џорџ Сорос преку својата инвестициска фирма купил удели во Tesla Inc во првите три месеци од годината со што стана еден од најистакнатите подржувачи на производителот на електрични автомобили, пишува Reuters. Иако од Soros Fund Management LLC не одговараат на коментарите, во последните поднесоци до Комисијата за хартии од вредност на САД стои дека во март оваа инвестициска фирма купила конвертибилни обврзници во Tesla Inc во вредност од 35 милиони долари. Илон Маск, сопственикот на Tesla изминатиов период се соочуваше со низа проблеми околку производството на поефтин автомобил, несреќите, како и технологијата на автопилотот.
Милијардерот Сорос и претходно поседувал акции во Tesla, но ги продаде минатата година.

Најнови вести