Економија 27.12.2018 18:52

ЕЦБ очекува забавување во глобалната економија во 2019-та

ЕЦБ очекува забавување во глобалната економија во 2019-та

Светската економија се очекува да се забави во 2019-та година, по што ќе настапи период на стабилизација. Тоа го прогнозира Европската централна банка (ЕЦБ), иако се уште има очекувања за зголемување на цените.

Инвеститорите веќе се подготвуваат за забавување на економскиот раст, предизвикани главно од повисоките трошоци за покривање на кредити во долари и континуираните трговски тензии меѓу САД и Кина, соопшти „Ројтерс“.

Иако со својата позиција „ЕЦБ“ ги поддржи повеќето мрачните очекувања, во редовниот економски билтен од банката посочија дека се забележува „инфлациски притисок“ на глобално ниво и во еврозоната.

„Гледајќи напред, светската економска активност се очекува се забави во 2019-та година и потоа да остане стабилна“, посочуваат од „ЕЦБ“.

„Глобалниот инфлациски притисок се очекува да се зголеми постепено додека неискористениот капацитет се намалува“, посочуваат уште од централната банка.

Билтенот ја поддржува и одлуката на „ЕЦБ“ од декември да ја прекине својата програма за откуп на обврзници во вредност од 2,6 илјади милијарди евра. Оваа одлука беше критикувана од некои експерти како премногу избрзани, со оглед на слабеењето на економијата.

Но од „ЕЦБ“, чија главна цел е постигнување на поставената големина на инфлацијата, го потврдија уверувањето дека основните цени во еврозоната ќе продолжат да растат.

„Основната инфлација се очекува да се зголеми постепено на среднорочен план, поддржан од мерките на монетарната политика на „ЕЦБ“, сегашното економско проширување и зголемениот раст на платите“, посочуваат уште од банката.