Живот 23.01.2019 19:44

Единаесет знаци дека сте лош родител

Единаесет знаци дека сте лош родител

Колку пати сте слушнале дека невоспитаните деца се последица на лошото родителство?
Колку всушност поверувавте во тоа?

Сепак вистина е дека постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека не сте сјајни во својата улога на родител.

Нашите дела говорат повеќе од зборовите. Ставот, погледот на свет, целите и перцепцијата во голема мера зависат од тоа што детето научило од своите родители. Понекогаш навистина сме лош пример, а тоа не го ни забележуваме.

Со помош на примерите, кои ги следат, откријте дали сѐ уште сте добар родител
Доколку детето намерно ве вознемирува додека работите, тоа е затоа што кон него не сте доволно нежни.
Вашето дете лаже, доколку сте претерувале во реакциите на неговите претходни грешки.
Ниското ниво на доверба кај детето потекнува од тоа што повеќе му делите совети, отколку што го фалите и охрабрувате.
Кога ќе забележите дека детето не се залага само за себе, веројатно сте го дисциплинирале во јавност. Дури ни присуството на браќата, сестрите, пријателите или роднините не е погодно за упатување на критики кон детето. Сторете го тоа додека сте сами со него.
Доколку на детето му купувате се, а тоа и натаму сака и зема работи кои не му припаѓаат, причината е тоа што не му дозволувате да избере.
Детето може да стане кукавица, доколку му помагате во се. Не ја отстранувајте секоја препрека наместо него.
Љубомората кај децата може да се појави доколку родителите константно го споредуваат со други деца.
Фалете го повеќе своето дете, доколку забележите дека многу брзо се лути. Причината за тоа е што тоа смета дека го добива вашето внимание само кога ќе стори нешто лошо.
Децата стануваат таинствени, доколку постојани им викате. Причина може да биде и тоа што од мува правите слон.
Доколку вашето дете не е емпатично кон другите, веројатно постојано сте му наредувале, не земајќи ги предвид неговите чувства.
Безобразието и невоспитувањето детето ги научило од своите родители или од опкружувањето во кое живеат.

Родителството не е само една ваша работа, тоа е доживотна приврзаност. Поради напорниот и брз начин на живот, лесно е да се западне во рутина, при тоа несфаќајќи дека нашите навики станале контрапродуктивни. Кога веќе го забележувате лошото однесување кај децата, станете свесни и за своето однесување.