Мозаик 16.01.2019 12:49

Што мора да знаете пред да посвоите дете

Што мора да знаете пред да посвоите дете

Посвојувањето на дете секако е еден од најплеменитите гестови, но и еден од најодговорните. Прочијате што морате да земете предвид доколку одлучите да посвоите дете

Поддршка од семејството
Не сте важни само вие и вашиот партнер. Важно е и остатокот од семејството да се согласува со вашата одлука, бидејќи тие ќе му бидат роднини на детето. Доколку постои некој вид на судир меѓу вас и останатите членови на семејството, тоа директно ќе влијае врз детето и неговото растење. Дури кога сите важни членови во вашето семејство ја поддржат оваа одлука, тогаш направете го тој чекор.

Дали размисливте за се?
Кога ќе се одлучите на овој чекор ќе мора да бидете сто отсто сигурни во својата одлука! Одлуката не смеете да ја донесете во моменти на психичка лабилност или емотивно растројство. Дури кога ќе бидете сто проценти сигурни дека можете да ја прифатите таа доза на одговорност сторете го тоа.

Мора да го знаете потеклото на детето
Морате да знаете се за детето, кое го посвојувате, особено за неговата медицинска историја или какви било потенцијални емотивни или психолошки проблеми. Доколку сето ова го дознаете подоцна тоа може да влијае на врската меѓу вас и вашето дете.

Подгответе се да бидете вистински родител
При посвојувањето на дете мора да знаете дека родителството во случајот со посвоеното и биолошкото дете се разликува. Морате навистина да го имате авторитет на биолошкиот родител со цел деетето да ве сфати сериозно, но затоа е потреба одредена доза на самопочитување. Исто така морате да размислите и како ќе му сооппштите на детето дека е посвено и да се соочите со неговата реакција.

Консултирајте се со адвокат
Консултирајте се со адвокат со цел заедно да ги проучите сите документи и максимално законски да се заштитите. Сепак имајте на ум дека во секој миг можат да се појават биолошките родители, кои на некој начин сакаат да бидат во врска со детето.