За мене беше запрепастувачки дека човекот кој го договараше и го потпиша договорот со Грција, така лошо го бранеше истиот договор, коментира Васко Ефтов осврнувајќи се на синоќешниот телевизиски дуел меѓу министерот за надворешни работи Никола Димитров и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
-Не е суштината дека Димитров го изгуби дуелот, за мене беше запрепастувачки дека човекот кој го договараше и го потпиша договорот со Грција така лошо го бранеше истиот договор. Што го отвара прашањето дали тие навистина преговарале или еден сончев ден во јуни некој пред врата им оставил договор кој на невидено го прифатиле, го потпишале и сега го бранат. Тоа е ДХЛ политика: Прво некој во 2015 ви остава бомби пред вратата, потоа ви остава договор за Северна Македонија пред вратата и на крај пред вратата ќе ви остави сметка за ручекот ( доаѓање на власт ) кој сте го изеле без да го платите. Така завршуваат и најдобрите глумци кога прифаќаат ( или се уценети ) да глумат во лоши филмови. Филмот во кој вечерва глумеше Димитров се вика Северна Македонија и беше тешко да се гледа министер за надворешни работи кој не беше во состојба да ја одбрани својата политичка капитулација! – вели Ефтов.