По писмото на Босанската влада до Европската Комисија, во кое Сараево бара изземање од новонаметнатите рестрикции врз увозот на челик во ЕУ и во кое босанскиот министер за трговија тврди дека овие квоти ја нарушуваат Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација (ССА), Европската Комисија во одговор до МИА вели дека ги разгледува наводите на Босанската влада, пренесе МИА.
По зголемените царини врз увозот на челик од ЕУ од страна на САД, Европската Унија воведе заштитини мерки за сопствениот пазар, антиципирајќи можен наплив на челик и челични производи од трети земји начелно планирани за американскиот пазар. Овие заштитни мерки ја засегаат и Македонија и земјите од Западниот Балкан. Македонската влада оствари средба со еврокомесарката за трговија за да побара изземање од
овие мерки, но безуспешно.
Овие мерки за сега се привремени и беа воведени на 19 јули, а ќе траат 200 дена. Потоа, Европската Комисија ќе ги ревидира и ќе одлучи дали треба да бидат трајни.