Актуелно 20.03.2019 21:40

ЕНП ги усвои генералните стратешки насоки за европските избори, ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за процесот

ЕНП ги усвои генералните стратешки насоки за европските избори, ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за процесот

Европската Народна Партија во пресрет на Европските избори одржа состанок на Парламентарното Собрание во Брисел. На истото се усвоија генералните стратешки насоки за европските избори како и идното дејствување на ЕНП.

На политичкото Собрание се разговараше и за односите со членката на ЕНП ФИДЕСЗ од Унгарија. ЕНП постигна компромис кој беше прифатен со консензус според кој Комисија на ЕНП предводена од Херман ван Ромпуј треба да ја мониторира имплементацијата на забелешките на ЕНП и да ги утврди фактите.

Делегацијата на ВМРО ДПМНЕ го подржа овој компромис кој значи силна и обединета ЕНП.