Паркингот кај Градската болница денес беше блокиран од метеж, пациентите и граѓаните револтирано викаа и се бунеа бидејќи платиле за паркинг, а нема доволно места за да се паркираат автомобилите.
Оваа слика со хаосот со паркинзите покрај болниците прераснува во епидемија, која нема крај.
Министерот за здравство Венко Филипче како и за секоја тема и за оваа упорно молчи и ја затскрива иако уште на првата прес-конференција најави дека хаосот со паркинзите особено кај Клинички ќе ги среди.