Мозаик 07.06.2018 09:36

Епл претстави нови мерки за поголема заштита на личните податоци

Епл претстави нови мерки за поголема заштита на личните податоци

Американската корпорација Епл ја претстави својата нова верзија на мобилниот оперативен систем ИОС, на годинешната конференција на
компјутерските експерти, која деновие се случува во Сан Хозе, Калифорнија, и којашто трае пет дена.
Заменик претседателот на Епл, одговорен за надградба на софтвер, Крег Федериги појасни дека новиот ИОС 12 ќе има доста нови функции, поголема оперативност, заштита на
податоците и брзина. На пазарот може да биде пуштена најрано претстојнава есен.