Економија 29.10.2018 14:53

ЕУ има тешкотии да се спротивстави на санкциите на САД против Иран

ЕУ има тешкотии да се спротивстави на санкциите на САД против Иран

Брисел не може да најде земја од Европската унија, која ќе се согласи да ја прифати правната адреса на друштвото со посебна намена (Special Purpose Vehicle – SPV), преку која ќе се обработуваат плаќањата за увозот и извозот во трговијата со Иран пред влегувањето во сила на американкие санкции на 4-ти ноември. Ова е објавено денес од страна на „Фајненшл тајмс“, цитирано од светските агенции.

Според публикацијата која се однесува на дипломатски извор, членките на ЕУ стравуваат дека Вашингтон може да ги казни политички или дури да им воведе дополнителни санкции.

Ниту една европска влада не сака да застане на патот на САД како „возило со специјална намена“, соопшти изворот за „Фајненшал тајмс“.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео ги определи порано плановите за создавање на таков механизам како „една од најпознатите контрапродуктивни мерки кои можете да ги замислите“ за мирот и безбедноста.

Санкциите се дел од економскиот притисок кој САД го врши врз Техеран, откако претседателот Доналд Трамп ја повлече земјата од договорот за иранската нуклеарна програма од 2015-та година.

Европските земји, предводени од Франција, Германија и Велика Британија, сакаат да продолжат со трговијата со Иран, наспроти Вашингтон.

Европскиот дипломат Федерика Могерини изјави претходно дека компанијата со специјална цел ќе биде формирана „пред ноември“, иако не беше одреден официјален рок и да не беа презентирани детали за нејзината работа, потсетува весникот