Одборот на Европскиот парламент изгласал нов Закон за авторски права кои би можел да го модифицира интернетот каков што го знаеме.
Најспорни делови за реформа на авторските права се членовите 11 и 13. Иако многумина биле против овие членови, сепак се изгласани.
Членот 11 се однесува на помошни авторски права и т.н. данок на линкови, што значи дека било која страница која објавува онлајн новинарски содржини мора прво да добие лиценца од издавач.
Тоа се однесува на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер и Редит каде со линкови се објавуваат содржините, но и на други страници како веб агрегатор на вести и апликации за вести.