Економија 08.08.2018 09:44

ЕУ ја охрабрува трговијата со Иран и покрај санкциите на САД

ЕУ ја охрабрува трговијата со Иран и покрај санкциите на САД

Шефицата за надворешна политика и безебедност на Европската Унија, Федерика Могерини, денеска изјави дека Европската Унија ги охрабрува компаниите да го зголемат својот бизнис со Иран бидејќи земјата ги почитува обврските што произлегуваат од нуклеарниот договор.

Могерини за време на посетата на Нов Зеланд изјави дека Европејците треба да одлучат со кого сакаат да тргуваат.

 

 

Изјавата на Могерини доаѓа откако денеска на сила стапи првиот бран санкции од страна на САД против Иран.

Сакнциите влегоа на сила отакако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе се повлечат од иранскиот нуклеарен договор од 2015 година постигнат со светските сили.