Европската унија налага царина за увозот на кинески електрични велосипеди, во обид да ги заштити европските производители од намлувањето на цените во време на зголемена тензија над светската трговија, пренесува „Financial Times“.
Брисел одлучи да наметне антидампинг давачки во износ од 21.8% до 83.6% на увозот на електрични велосипеди од Кина, бидејќи без слични мерки европските производители едноставно нема да можат да се справат со ниските цени кои доаѓаат од Исток.
Регулаторите ги откриле потребните докази за постоење на дампинг, воспоставувајќи дека во ЕУ се продаваат кинески производи по цени пониски од нивниот домашен пазар, а тоа води до „материјална штета“ за европските производители.
Решението е секвенцијален потег на ЕУ кон кинескиот извоз, кој често ги става европските компании во неповолна ситуација, почнувајќи од производителите на челик и се дојде до оние кои се занимаваат со керамички производи и соларни панели.
Веста доаѓа во позадината на повидливата трговска војна меѓу САД и Кина, која го засегна извозот во вредност од милијарди долари.
Морено Фиораванти, генерален секретар на Здружението на европските производители на велосипеди (EBMA), кој коментира дека кинеските електрични велосипеди ја „преплавија ЕУ со алармантна брзина и вештачки ниски цени“.
„Оваа одлука на ЕУ треба да испрати јасен сигнал до кинеските компании за електрични велосипеди да престанат со дампинг, давајќи им на европските производители можноста да ја обноват продажбата“, вели тој.
Европската индустрија за електрични велосипеди генерира годишен обрт од околу 1,3 милијарди евра, вработувајќи околу 3.500 луѓе.
Европскиот пазар за електрични велосипеди од 1,8 милијарди евра се зголеми за 70% во текот на последните четири години. Увозот изнесува околу 510 милиони евра од вкупната сметка, од кои 295 милиони евра доаѓаат од Кина.
Според извор близок до Европската комисија, „голем дел од кинескиот увоз на електрични велосипеди ќе подлежи на царина од 37%, а стапката може да биде и помала.
ЕК планира да одлучи дали мерките треба да останат финални, а конечната одлука за случајот се очекува да биде донесена до крајот на оваа година.