Актуелно 02.10.2018 12:17

ЕУ обезбедила повеќе од 9 милиони за инфраструктурни проекти во Србија

ЕУ обезбедила повеќе од 9 милиони за инфраструктурни проекти во Србија

Преку Програмата за развој на ЕУ УЈП, Европската унија одвои  9,6 милиони евра за спроведување на 77 нови инфраструктурни проекти во Србија.

Ова беше одлучено на состанокот на Одборот на директори на ЕУ УЈП, а проектите , како што е наведено, ќе придонесат за реализација на инвестициите и ќе создадат нови работни места, со крајна цел да се подобри квалитетот на животот на жителите во 99 локални самоуправи во Србија.