ЕУ мора брзо да ја одобри втората транша од 3 милијарди евра за помош на сириските бегалци во Турција, изјави европскиот комесар за миграции.
Европскиот комесар за миграции, Димитрис Аврамопулос вели дека и ЕУ и Турција мора да продолжат да го имплементираат договорот кој го потпишаа во март, 2016 година.
Договорот помеѓу Турција и ЕУ има цел да ја сопре нелегалната миграција преку Егејското море и да ги подобри условите за живот на сириските бегалци во Турција, пренесе агенцијата „Анадолија“.
„Со овој договор се покажа дека кога двете страни се подеднакво посветени и вложуваат напори, може да постигнат значителни резултати. Миграцијата е сведена на минимално ниво. Но, за да го одржиме ова ниво, двете страни мора да се држат со својата страна од обрврските,“ вели Аврамопулос.
„Ова значи дека ЕУ мора брзо да ја одобри втората трансакција од 3 милијарди евра за помош на сириските бегалци во Турција. Од друга страна, пак, ова значи и дека мора да отпочне програмата за доброволен хуманитарен прием.“
Според податоците од една асоцијација за бегалци, во Турција се сместени околу 3,6 милиони бегалци од Сирија. Од почетокот на 2018 година до сега, Турција потрошила околу 30 милиони долари за бегалците кои ги сместува, соопштија од парламентот.
Во 2016 година, Турција беше именувана како најхумана нација според процент на бруто национален приход, веднаш зад САД.
За време на брифингот, комесарот изјави дека благодарение на договорот помеѓу ЕУ и Турција, нелегалната миграција е сведена на минимум.
„Бројот на мигранти кои пристигнале се врати на истото ниво, дури и под нивото пред кризата. Во источниот дел на Средоземното море, бројот на мигранти кои пристигнале е паднат за 97% во споредба со периодот пред договорот да е потпишан, додека пак во централниот дел миграциите се намалиле за 77% споредбено со минатата година,“ изјави Аврамопулос.
„Преку 600.000 животи се спасени во последните три години, благодарение на огромната поддршка и напори од страна на земјите-членки кои ги зајакнаа операциите на ЕУ,“ заклучи комесарот.