Целта на СДСМ беше јасна, ние тоа сценарио го предвидовме дека во петокот они практично тежиштето ќе го префрлат во некој друг иден период и ќе се обидат во јавноста да создадат перцепција дека еве ВМРО-ДПМНЕ бара ама моли Бога да не ги најде тие избори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето „СДСМ се уште го нема изнесено ставот за предвремени парламентарни избори, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласи да има само претседателски?“.
-Па се присутните и се гласните министри и јуришници на СДСМ низ медиумите ќе кажуваат како они практично се за реформи, ВМРО-ДПМНЕ се тие кои што знаат како стојат кај граѓаните и дека еве ВМРО-ДПМНЕ практично е таа партија која моли Бога да не ги добие тие избори. Ние ја претпоставивме ова нивна реакција дека оние од Централниот Одбор како што они го нарекуваат, ќе го префрлат тежиштето во бесконечност на Извршниот, па извршниот повторно на Зоран Заев за да одлучува и така натаму се до моментот додека Талат Џафери не ги распише претседателските избори и тогаш ќе речат еве завршена е работата ајде да одиме на претседателски. Но, еве му можност и на СДСМ и на Зоран Заев, да пред македонската јавност првпат во животот да ја слушне, нели рече вчера од Велес дека завршиле тешките одлуки и сега ќе го слушале народот. Две години ја уништија државата и сега конечно ќе им текне да го слуша народот и еве му можност да го слушне народот и да организира предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Веднаш да поднесе оставка, да формираме техничка влада и веднаш согласно законските пропишани услови да организираме парламентарни избори, додаде Мицкоски.
На прашањето „Дали ќе инсистирате на 100 дена техничка влада или можно е да се направи отстапка?“, Мицкоски одговори:
„Го разбирам вашето прашање, бидејќи искуството во изминатите недели месеци вели дека во оваа држава можеме да тргуваме со правото и правдината, со законите да ги менуваме, да правиме повторно заробено, ослободено општество за реализирање на политички цели. Но, ние би биле исти како нив ако правиме компромис со овие атрибути. За нас владеењето на правото и демократските принципи на една држава и правната држава се од круцијално значење, заради тоа ние нема да правиме никаков компромис со законот, правото и правдината. Јасен е закон што значи техничка влада, јасен е законот и времетраењето на техничката влада колкаво ќе биде, така што навистина овие исклучоци кои ги воведе Зоран Заев, продолжиме и ние да ги применуваме, тогаш би биле исти. Зошто граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а не за СДСМ. Ние треба да покажеме дека како генерација политичари сме различни и дека треба да се водиме од интересите на граѓаните за подобар живот во Република Македонија, а не за полош од ова што е сега. Така што да сумирам, нема компромис со правото и правдината“.