Живот 16.11.2018 21:43

Еве каде има плата од 900 евра

Еве каде има плата од 900 евра

Минатите недели многу европски земји бараа работници, претежно занаетчии.

За овие работни места се бараше основно образование, и сертификат за познавање на одреден занает.

Се бараат заварувачи, а тоа е професија која и на Балканот е дефицитарна. Конкретно во Србија, вработуваат газдите заварувачи од Романија, Турција, па и Индонезија.

Неодамна едно бродоградилиште објави оглас за 60 заварувачи, на кои им се нуди плата од 900 евра.

Српските медиуми пишуваат дека во странство за оваа струка плаќаат и поголеми плати, но за работното време, рано или доцна, работниците не можат да преговараат.