Економија 01.06.2018 12:04

Евономикс: Како смртниот грев алчност се рехабилитираше во Самоинтерес

Евономикс: Како смртниот грев алчност се рехабилитираше во Самоинтерес

Економистот Сем Боулс вели дека е време да се култивира  и даде моќ на добрата природа наместо да им се остави на малкумината кои дејствуваат како максимизатори на себеси да ја уништуваат економијата.  Евономикс е платформа на која се дискутира за најсовремените потреби и филозфскит аспект на еконмските текови. Организирано од Институтот за ново економско размислување (Institute for new economic thinking) каде повеќе од 1120 лидери, истакнати економисти и други интелектуалци дебатираат и разменуваат увиди за потребите на економијата.

Во своето обраќање објавено на Евономикс (кратенка од еволуција на економијата), економистот Сем Боулс вели дека се соочуваме со проблеми кои едноставно не може да бидат адресирани со банкротираното и емпириски непотврдената психолошка пертпоставка дека ние едноставно сме максимизатори на само интересот. Накратко тој објаснува дека мотивацијата за многу професии е тешко да се поттикне или одржи кога е единствено фокусирана на себичниот интерес. Во новото економско време, со современите технологии и зголемиот аспект на социјалните елементи на економијата, мотивите и потребите на економијата се сменети, а потребно е ресурсите кои за среќа ги имаме во голем број да бидат распределени така што ќе го хранат доброто во луѓето и ќе ја помагаат хуманоста.