Европската комисија додели 18 милиони евра за поддршка на иранските проекти за економски и социјален развој како дел од напорите за зачувување на иранскиот нуклеарен договор, откако САД повторно ги воведоа санкциите за Иран.
Целта на договорот со Иран беше ограничување на развојот на нуклеарното оружје на Иран. Европската Унија се обидува да го одржи договорот со укинување на санкциите и со економски стимулации, откако САД се повлекоа од договорот.
Претходно овој месец САД повторно ги воведоа санкциите насочени кон иранскиот финансиски систем, вклучувајќи ги иранските купувања на американски долари, тргување со злато и продажбата на државни обврзници.
Новите санкции ќе стапат во сила во ноември и ќе вклучуваат мерки за спречување на иранската продажба на нафта.
Трамп смета дека нуклеарниот договор, за кој преговараа Обединетото Кралство, Франција, Германија, Русија, Кина и САД, не успеа да го блокира иранскиот пат кон нуклеарното оружје.