Европската комисија ќе објави денеска годишен извештај за напредокот во евроинтеграциите за државите од Западен Балкан, во кој Албанија и Македонија ќе добијат препораки за отворање пристапни преговори.
Србија и Црна Гора може да очекуваат поттик за продолжување на европскиот пат, но со нагласок за обврската за исполнување на сите услови.
БиХ и Косово може да очекуваат критики поради спори реформски процеси. Од Косово ќе се бара зајакнување на ангажманот за дијалог со Србија и спроведување на сите договори, особено за формирањето на ЗСО.
Бугарија која претседава со Унијата силно поддржува проширување на ЕУ на Западен Балкан. За тоа сведочи и самитот на држави ЕУ и Западен Балкан што наскоро ќе се одржи во Софија. Тоа ќе биде прв таков самит по оној во Солун во 2003 година кога на регионот му беше понудена европска перспектива.