Европската комисија ја намали стапката на раст за македонската економија. Откако голем дел од реномираните финансиски инстируции какко ММФ и Светска банка излегоа со намалени прогнози на БДП за Македонија за оваа година и Европската комисија излезе со своја проекција од 2,1 % раст на БДП за 2018 година.
Во пролетниот извештај или Spring 2018 Economic Forecast на Европската комисија прогнозираниот раст на БДП изнесува 3,1 %. Ова е за 1 % надолна корекција од страната на Европската Комисија за растот на БДП во Македонија.
Spring 2018 Economic Forecast
Инаку синоќа во емисијата Отворено на Канал 5 телевизија вице премиерот Кочо Анѓушев кажа дека тој е сигурен дека ќе се оствари растот од 2,8 % и смета дека наредните квартали за растот на БДП ќе изнесуваат над 3 %.
И премиерот Зоран Заев изјавуваше дека растот од 3,2 % ќе се со достигне но сите реномирани институции го кажуваат спротивното. Имено, како одминува годината македонскиот пректиран БДП се повеќе доживува надолна корекција од европските институции.
Експертите велат дека Владата нема капацитет да ја води джавата и дека овие резултатин се најлоши во историјата на македонската економија. Тие сметаат дека економскот тим потфрли во споведување на економските политики и реформи кои наголемо ги ветуваше.