Едноставна и малку построга, медицинска диета која за нешто повеќе од еден месец го топи вишокот на килограми што долго време ве мачат!
Таа трае еден месец, а менито е едноставно: секојдневно, цел ден се јаде само една намирница која е наведена за тој ден. Менито е направено за 11 дена, но по првата примена треба да се повтори уште два пати, така што диетата да трае вкупно 33 дена. За што подобар резултат, потребно е да јадете до шест часот попладне, после тоа ништо повеќе. Во текот на денот може да пиете чај или кафе без ограничени количини со засладени вештачки засладувачи, но најдобро е да пиете обична вода.
Мени за 11 дена
Ден 1 – варен зеленчук: суво или варено без масло (морков, зелка, марула, домати)
Ден 2 – варено месо (телешко месо)
Ден 3 – варени компири
Ден 4 – јогурт
Ден 5 – варени јајца (максимум 9)
Ден 6 – овошје (мешано)
Ден 7 – супа од кесичка
Ден 8 – варено месо
Ден 9 – варен ориз
Ден 10 – овошје (мешано)
Ден 11 – варен компир + јогурт