Најтешкото нешто за довербата во сите сфери од животот секогаш е стекнувањето на истата, а уште потешко е да се задржи. Сепак со визија за трансформација на сегашноста, а со минатото како отскочна даска, за било која желба и план, иднината секогаш наликува на достапен и дофатлив успех. Потребни се само многу упорност, континуитет, вложен труд, иновативност и цврста доверба во вредноста на вашата визија.
Македонскиот бренд FAVORIT ELECTRONICS е бренд за доверба од 1994 година на компанијата Центро Унион, кој успешно работи токму поради својот непрекинат фокус кон градење на неприкосновена доверба на она, коешто го нудат како бренд во различни сегменти на бела техника, вградна техника, телевизори, клима уреди, мали апарати за домаќинство, нега и убавина и аспиратори.
Како јубилејно освежување и прикажување на модерниот пат по којшто се движи, FAVORIT ELECTRONICS се претстави со нов ребрендинг на своето лого за бренд на пазарот којшто е препознатливо име во секој дом, како и низ големата проширена партнерска мрежа низ државата.
По овој повод, со цел да ги потсети и награди своите лојални купувачи, кои се доказ дека со континуирана модернизација и цврсто зацртана визија, довербата за квалитетот на еден бренд секако останува, FAVORIT го започнува предизвикот старо-за-ново, „ЈА БАРАМЕ НАЈСТАРАТА FAVORIT МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ АЛИШТА“. Истиот ќе трае 20 дена, сè до 15.02.2022 година. Добитникот ќе биде одбран по случаен избор и ќе му биде подарена нова FAVORIT ELECTRONICS машина за перење алишта во замена за старата петнаесетгодишна FAVORIT машина, којашто ја поседува.
Брендот за доверба уште од 1994 година има само еден синоним, a тоа е FAVORIT ELECTRONICS, – бренд за цела година.