Економија 06.06.2018 12:54

Филипче со фокус на крадење проекти од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со фокус на крадење проекти од ВМРО-ДПМНЕ

Очигледно единствено нешто што прави во здравството и за здравството од владата предводена од СДСМ и ресорниот министер Венко Филипче е препишување на мерките од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега владата на на седница го разгледала и прифатила Акцискиот план за Проектот „Зајакнување на дневните болници“. Министерството за здравство е задолжено на секои шест месеци до владата да доставува информација за прогрес на активности од Акцискиот план, се до конечна реализација на проектот. Како што соопшти владината прес-служба, проектот „Зајакнување на дневните болници“ се однесува на концепт на воведување “one day surgery“ или еднодневна терапија од областа и други “out patient“ процедури без ноќевање и болнички престој на пациентите во случаи кога нема потреба од опсервација на состојбата на пацинетот.

– Во оваа насока ќе бидат изготвени упатства и ќе бидат адаптирани соодветни просторни услови во рамките на општите и клиничките болници каде постојат услови врз основа на направена проценка, се наведува во соопштението.

Но, ако ја отворите програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе најдете ни помалку ни повеќе, туку целосно препишана или преземена оваа мерка. Единствената разлика е прецизноста во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Или во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за овој проект стои дека се потребни 10.000.000 денари и дека рокот за реализација е ноември 2018. Значи за разлика од ова што владата го нуди министерството за здравство на секои шест месеци до владата да доставува информација за прогрес на активности од Акцискиот план, се до конечна реализација на проектот, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои прецизен рок.

Што вели програмата на ВМРО-ДПМНЕ?

Тренд во Европа и во светот е да се намалат болничките престои преку воведување на “one day surgery” (едно – дневна операција од областа) и “други out patient” процедури, без ноќевање на пациентите во случаите кога нема потреба од опсервација на состојбата на пациентот. Во оваа насока ќе бидат изработени упатства за постопера- тивниот третман на пациентите и ќе бидат адаптирани соодветни простории во рамки на сите општи и клинички болници во Македонија.

ШТО ДРУГО Е ПРЕПИШАНО

Но, освен овој проект од програмата на ВМРО-ДПМНЕ Филипче ја препиша и постболничка грижа на пациентите, мерката за болни од Алцхајмерова болест, поточно за отворање на Центар/и за овие лица….

Државниот секретар во министерството за здравство, Владимир Милошев, во април обраќајки се на конференција посветена на деменција во регионот на Западен Балкан, која се одржуваше во Сараево најави дека во рамки на клиничката болница во Штип ќе отвори Центар за дијагностицирање и лекување на Алцхајмеровата болест. Овој центар ќе биде наменет за рехабилитација и натамошна нега на пациентите, ќе соработува со Универзитетската клиника за неврологија од Скопје, како и со Министерството за труд и социјална политика, кои финансиски и организациски ќе придонесат во делот на социјална заштита, односно негата на пациентите.

Инаку, лекувањето на овие пациенти во Република Македонија се одвива по веќе утврдени стандарди и соодветни протоколи, кои обезбедуваат соодветна грижа и нега. На Универзитетската клиника за неврологија постои софтверски систем каде меѓу другите невролошки заболувања, се евидентираат и се следат пациентите со деменции, вклучувајќи ги и оние со Алцхајмеровата болест. Системот почна да функционира во јуни 2014 година и досега се собрани податоци за 1600 пациенти со Алцхајмерова болест.

Што вели програмата на ВМРО-ДПМНЕ?

– За подобрување на квалитетот на живот на лицата заболени од Алцхајмерова болест, која во последно време претставува најчеста форма на деменција и се јавува кај лица постари од 65 години, ќе се изградат Дневни центри за лица заболени од Алцхајмерова болест во Битола, Штип и Тетово, каде секојдневно преку вежби и специфични активности би се подобрувале когнитивните способности. Ова би било почеток на воспоставување на мрежа на вакви центри низ државата, е мерката предвидена за спроведување од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тука има и детали како тоа дека ова ќе биде спроведено мај 2018 година. За сето ова предвиделе дека ќе се потрошат 6.000.000 денари.

„КРАДЕЊЕ“ ВО КОНТИНУИТЕТ

Милошев на почетокот на мај најави уште една мерка од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека министерството за здравство почнува со нова системска мерка за развој на вонболничка, односно домашна постоперативна грижа. Тој рече дека сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект.

– Целта на оваа мерка е грижа за пациентите во периодот до првата закажана постоперативна контрола во болничката установа, која најчесто се закажува еден месец после хируршката интервенција, истакна Милошев.

Здравствени работници телефонски ќе контактираат со пациентот еднаш дневно, во првите три дена од отпуштањето од болницата, а потоа еднаш во неделата се до закажаната прва контрола.

– Во овој период пациентот ќе може да се јави за секоја промена на неговата здравствена состојба на определената медицинска сестра за добивање медицински совет на телефоните, кои ќе бидат јавно достапни на веб-страната на Министерството за здравство, додаде Милошев.

Еве што вели програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Досегашното искуство покажува дека пациентите по завршен оперативен зафат и престој во болниците, се испуштаат дома со назнака за контрола по одреден период. Сепак за пациентите кои се на домашно лекување потребна е консултација и совет со здравствено лице, посебно од аспект доколку се јават проблеми или компли- кации кои пациентот не може да ги препознае. Ќе се грижиме и постоперативно за нашите пациенти. Сестра од здравствената установа, од одделот каде е опериран болниот, ќе се јавува на пациентот за да го праша како се чувствува, дали има некои проблеми и тоа 3 дена по отпуштање од болница, а потоа еднаш неделно. Исто така, пациентот за било која несакана здравствена промена, може да се јави за консултација во болницата на одго- ворната сестра. Овој концепт ќе биде предвиден како обврска за установата, во рамки на Законот за здравствена заштита, во интерес на намалување на болничките денови и унапредување на грижата за пациентите, а воедно ќе биде вопоставен систем на контрола на почитувањето на оваа законска обврска.